Свет
27. October 2021 - 8:21

Во напад на ирачко село убиени 11 лица

– Исламски милитанти убија 11 лица во вторникот, вклучително и жени во напад на село во источната ирачка провинција Дијала, објави Здружената оперативна команда.

Цел на нападот биле беспомошни цивили во селото Ал-Хаваша во близина на градот Мукдадија, соопшти командата.

Безбедносни и воени извори во вторникот изјавија дека непознати напаѓачи убиле 11, а раниле 15 лица.

Полицијата соопшти дека напаѓачите влегле во селото со неколку возила и биле вооружени со полуавтоматски пушки.