Свет
25. October 2016 - 15:11

Во најстудениот град во светот измерени се -71 степени - Еве како живеат луѓето таму

Во Сибир се наоѓа село по име Ојмјакон каде темепратурите во текот на зимата паѓаат под 60 степени, а во текот на летото се околу 30 степени.
 
И покрај тоа што ова е најстуденото населено место, тука има многу луѓе и дечиња кои се среќни и имаат убав живот.
 
Најниската температура измерена тука била - 71 степени целзиусови. Ветер има многу ретко, речиси никогаш, а највисоката температура е регистрирана во 2010 година. Тогаш живата на термометарот покажала 34 степени. 
 
Луѓето овде имаат проблем да направат одвод за тоалетите, па главно Вц-ата се сместени надвор од куќите. Оние кои немаат гаражи автомобилите не гигасат, бидејќи ќе им се заледат.
 
Исто така, поради екстремно ниските температури, тука луѓето внимаваат и колку брзо земаат и издишуваат воздух.