Во МНР продолжува конференцијата за ефектите од евроатланската интеграција и хибридните закани
Во Министерството за надворешни работи денеска продолжува Меѓународната конференција на тема „Стабилизирачки ефекти од процесот на Евро-атлантска интеграција: Работиме заедно против хибридните закани“.
На вториот ден од конференцијата ќе се дискутира за мерките за ублажување и спречување хибридните закани и како развојот на хибридни техники го замаглува цивилниот и воениот спектар за манипулација со информациите и начините за ублажување и спречување на тековните и идните хибридни закани.
Организатори на Конференцијата се Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Конзорциумот на партнерството за мир, oдделот на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици, во соработка со Евроатлантскиот совет, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и Факултетот за безбедност.
Целта на Конференцијата e да се согледаат предизвиците и начините за справување со хибридните закани, појавните облици и нивното влијание врз интегративните процеси на земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно