Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници
Со Указ на претседателот на Мјанмар, Тиен Сиен денеска од мјанмарските затвори се ослободени 101 осуденици со долги казни, од кои најголемиот број се политички затвореници.
Ова е последниот акт на досегашниот претседател, кој ќе го заманет демократските сили на поранешната опозиција, која освои апсолутна победа на изборите во ноември минатата година.
Пред почетокот на изборната кампања во јули 2.015 година полувоената власт, која со Мјанмар управуваше повеќе од 50 години, објави амнестија за 6.966 затвореници, од кои 210 беа странци.
Големата амнестија не беше повод граѓаните на Мјанмар да ја поддржат власта на изборите. Најавата за амнестија и национално помирување беше еден од адутите со кои партијата на Аунг Сан Су Ќи ја освои изборната победа.
Идната недела ќе започне првото заседание на Парламентот во новиот состав. Во состав на Парламентот, според сегашниот Устав, 20 посто се пратеници делегирани од армијата, но и тие ветуваат дека ќе бидат дел од процесот кон враќањето на демократијата во Мјанмар.
Инагуарација на новите раководни личности во Мјанмар ќе биде завршена до почетокот на март. Аунг Сан Су Ќи, поради тоа што била во брак со странец, нема право да се кандидира за претседател на државата, но повеќе од сигурно е дека таа ќе биде главна личност која ќе одлучува за распределба на функциите и воспоставувањето на демократијата во државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување