Македонија
5. December 2017 - 9:35

Во Маврово регионална работилница за реформи во правосудството

Регионална работилница на тема „Пристап до правдата преку правни и судски реформи за подобрување на судството, казнената политика и пробацијата“ ќе почне денеска во Маврово.

Расправата е во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на САД, а се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“.

Научната расправа, која ќе трае до четврток ќе ја отвори претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, Џемали Саити.