Свет
11. October 2019 - 18:47

Во Манчестер уапсен маж откако избоде повеќе случајни минувачи

Британската полиција соопшти дека уапсила маж, на возраст од околу 40 години, осомничен дека со нож избодел повеќе лица во трговскиот центар Арндејл.

Во нападот се повредени пет лица, а центарот е евакуиран, јави Би Би Си. Еден од сведоците рече дека мажот трчал по трговскиот центар со нож во рака и по случаен избор напаѓал луѓе.

Засега не е познат мотивот за нападот.