Македонија
27. August 2015 - 10:59

Во манастирот во Матка ќе се одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г Стефан утре ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир во Матка кај Скопје. 

По повод одбележувањето на православниот празникот кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот вечер ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

Утре, пак, по Светата Божествена Литургија која ќе започне во 9 часот, одбележувањето на празникот ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. 

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција