Фудбал
23. November 2024 - 9:44

Во Мајами уверени дека Меси ќе остане во клубот до 2026 година

Сопственикот на Интер Мајами верува дека ѕвездата Лионел Меси ќе остане во клубот и во 2026 година. Договорот на аргентинскиот напаѓач со американскиот клуб е до крајот на 2025 година, но постои опција за продолжување во следните 12 месеци.

- Имам целосна доверба дека кога ќе се отвори нашиот нов стадион во 2026 година, Меси ќе биде нашиот број 10, изјави сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, цитиран од американските медиуми во петокот.

Лионел Меси го води Интер Мајами од 2023 година откако го напушти Пари Сен Жермен.