Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани
Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за статистика, реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.
Според статистиката, бројот на домашните туристи во мај 2020 година во однос на мај 2019 година е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 96,7 отсто%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 98 проценти.
Во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто.
Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти.
Ново на Сител
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд