Свет
15. September 2016 - 18:47

Во Либија уапсен еден од водачите на ИД

Еден од водачите на исламска држава, активен на територијата на Либија, бил уапсен од либиските сили за безбедност, објави весникот Ал Јаум ал Сабиа.

Хусеин ал Хавари, претставник на високото раководство на ИД во Либија бил приведен во градот Аџдабија. За Ал Хавари има меѓународна потерница. Според либиските служби за безбедност кај него се пронајдени документи со кои имал намера да замине во соседен Египет.