Свет
19. September 2016 - 23:51

Во Либија се киднапирани двајца Италијанци

Двајца државјани на Италија се киднапирани во Либија, соопшти денеска италијанското Министерство за надворешни работи. 

Портпаролката на Министерството ги потврди извештаите  на италијанските медиуми, дека две лица се киднапирани во пустина, не наведувајќи дополнителни детали. 

Италијанското Министерство наведе дека неговата единица за кризни ситуации го следи случајот. 

Италијанската телевизија „Скај“ јави дека покрај Италијанците е киднапиран и еден Канаѓанин.