Во Куманово доставени 17.512 ГДП, се очекуваат уште 4.500
Во даночното одделение Куманово на Управата за јавни приходи доставени се 17.512 годишни даночни пријави, соопштија денеска од Регионалната дирекција УЈП - Штип.
Во Регионалната дирекција Штип досега се поднесени 160 електронски годишни даночни пријави од кои за Куманово 60.
Од Регионалната дирекција апелираа до граѓаните да не го чекаат последниот ден да поднесат пријава. - Наближува крајниот рок, (15 март) за поднесување, останаа уште три дена за пријавување на приходите во УЈП. Потсетуваме дека ГДП се поднесуваат на шалтерите во УЈП, по пошта или електронски преку е-тах, нагласува Поцкова.
Граѓаните се должни да поднесат годишна даночна пријава за доходот што го оствариле во 2017 во земјата и странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос, кирии (издавање имот –закуп или подзакуп), авторски права и права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во добивка и камати по заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари (по поединична добивка), приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, приходи од интернет (пр. Е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни,
Поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози-дојави на типови за спортски натпревари), лични примања од странство за активности поврзани со работење во Република Македонија, работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација и други дополнителни приходи.
Обврзникот кој остварува во текот на годината приход само од плата и пензија, односно само приход од земјоделска дејност или само приход од самостојна дејност не е должен да поднесува годишна даночна пријава.
Минатата година во даночното одделение Куманово биле примени 21.959 годишни даночни пријави.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово