-->
-->
Во Крива Паланка собрани 79 единици крв
-->
На денешната крводарителска акција која се одржа во големата сала на локалната самоуправа на општина Крива Паланка беа собрани вкупно 79 единици крв.
Акцијата е во организација на општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
- Иако денешните температури беа многу високи и важат препораките на здравствените работници да не се излегува од 11 до 17 часот, сепак ова е акција со најмасовен одзив на хуманите кривопаланчани за 2015. Особено радува фактот што голем број млади одлучиле да даруваат крв, а важно да истакнам е и дека неколку од дарителите прв пат ја даруваа скапоцената течност, изјави Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка.
Пешовски информира дека ова е прва акција за месец јули, а заклучно со денешните, до сега се собрани вкупно 583 единици крв од вкупно проектираните 711 со годишниот план за 2015.
- Со денешната бројка на собрани крвни единици годишниот план е исполнет 82 отсто, а до крајот на месецот ни преостанува уште едн акција, закажана за 16 јули која ќе се одржи во соработка со слаткарница „Теа“, додаде Пешовски. ид/вг/18:27
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот