Во Кран Монтана продолжуваат преговорите за обединувањето на Кипар
Во швајцарското одморалиште Кран Монтана денеска продолжуваат решавачките преговори за повторно обединување на островот Кипар, што се водат неколку дена, соопшти грчкото издание Њуз.ин.
Делегациите на двете заедници на островот се очекува да ги достават своите предлози за двата клучните аспекти на проблемот - за безбедноста и гаранциите поврзани со идната федерална држава.
Целта на преговорите е изработка на конечната спогодба, што ќе биде склучена на конференција во Њујорк во септември.
Во случај на посуштински напредок на преговорите во Кран Монтана не е исклучено таму да пристигнат и премиерите на трите земји гаранти на Кипар - Грција, Турција и Велика Британија.
Портпаролот на ОН вчера соопшти дека во Кран Монтана бил постигнат напредок за прашањето за повторно обединување и дека тоа се случило по серијата средби на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, а, исто така, и со претставниците на ЕУ.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно