Македонија
9. December 2020 - 11:45

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 32 пациенти, а вкупно се лекуваат 486 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 32 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
 
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, пет болни се хоспитализирани на  ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника.
 
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти.  
 
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.
 
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
 
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 111 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни.
 
Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
 
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
 
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.