Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 3 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 51
На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 515 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје има тројца хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во главниот град се лекуваат вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 од кои повеќето се на кислородна поддршка.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат осум болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп шест, во ковид центарот во Гостивар три, а во Струга пет болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се осум пациенти, во Кичево четири.
Во последното деноноќие, како што соопштија од Министерството за здравство, на Институтот за ТБЦ и во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во Скопје немало приеми, а тројцата новозаболени се хоспитслизирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28
пациенти.
-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, информираат од Министерството.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово