Македонија
28. September 2021 - 11:01

Во Ковид центарот во Тетово починаа двајца пациенти на 73 и 88 години

Двајца пациенти во Ковид-центарот во Тетово починале во изминатите 24 часа, информираат од тетовската болница. Починатите се на 72 и 88 години.

– Во моментот има вкупно 15 хоспитализирани, од кои 14 на кислородна поддршка и еден на неинванзивна вентилација. За 24 часа се направени 19 прегледи во амбулантскиот дел на Ковид центарот. Примени се двајца нови пациенти, информира Д-р Миранда Пајазити.

Во Тетово според податоците на Институтот за јавно здравје активно болни има 932 лица. Од вкупно 10798 луѓе кои биле дијагностицирани со Ковид-19, починале 494 лица.