Балкан
11. October 2020 - 17:49

Во Косово двајца починати, 49 новозаразени и 53 излекувани од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Во последните 24 часа во Косово починаа двајца заразени од Ковид-19, така што билансот на жртви на епидемијата сега изнесува 647, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравство на Косово, вчера во земјата се регистрирани 49 новозаразени и 53 излекувани, со што бројот на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на пандемијата сега изнесува 16.179, додека на оние кои ја совладале болеста 14.335.

Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.197 лица. Вчера се извршени 680, а од почетокот на пандемијата 74.586 тестирања со методот РТ-ПЦР.