Македонија
25. September 2024 - 12:17

Во кочанско започна жетвата на „белото злато“

Започна жетвата на „белото злато“. Оризарите песимисти дека годинава родот ќе биде понизок од минатогодишните реколти, но уште повеќе се загрижени за ниската откупна цена, која стагнира, а цените на репроматеријалите континуирано растат.

  • Квалитетот за 2024 ќе биде еден од најлошите. Причина е касната сеидба во некој региони. Тие што посеаја до 15 април до 1мај, тие можеби ќе имат подобри резултати. Меѓутоа, приносите ќе бидат од 400 до 500кг. од единица декар. Но, тоа не проблем, проблем е цената, изјави Здравко Арсов,  оризопроизводител од Облешево
  • Се уште се водиме според онаа производна цена од пред две три години. Меѓутоа, од тогаш до денес имаме промени во производството, употреба хербициди и трошоците секако дека се зголемуваат, изјави Стојче Ташовски,  оризопроизводител од Облешево

Дополнителен проблем се и 5000 тони неоткупена арпа од ланската жетва која им стои по амбарите. На седница на Влада е донесена одлука да се задолжи Агенцијата за стокови резерви да направи дополнителни измени на програмите и уредбите согласно законите и да се предвиди оризова арпа за стокови резерви.

  • Законот е изменет и сега согласно оваа процедура ќе може државата да откупи дел од количните кое ќе значи практично нивелација на пазарот во моментот на производство на ориз од реколта 2024-та година, изјави Цветан Трипуновски, Министер за земјоделие

Годинава во Кочанско поле се посеани 4000 ха под ориз, од кои се очекува да се собере околу 20.000 тони арпа или 10 000 тони бел ориз.