Свет
6. јуни 2020 - 9:20

Во Кина три нови случаи на коронавирус, сите увезени

Кина денеска пријави три нови случаи на коронавирусот, а сите новозаразени дошле од странство, соопшти Националната комисија за здравство.

Забележани се и два нови асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика.

Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 83.030, а од почетокот на епидемијата починале 4.634 лица.