Во Кина пронајден коронавирус во смрзнати производи
Најголемиот кинески пазар на прехранбени производи, пазарот Синфади во Пекинг, ја прекина продажбата и складирањето на разладено и смрзнато месо и морска храна, поради новооткриените случаи на коронавирус поврзани со овој вид храна.
Британските медиуми, повикувајќи се на кинески портали, пренесуваат дека на пазарот Синфади ги отстрани производите и дезинфицира повеќе од 100 фрижидери и ја исклучи електричната енергија во нив.
Раководството на пазарот наведува дека ќе спроведува дневни прегледи во магацините и ладилниците за овошје и зеленчук.
Одлуката е донесена откако неколку работници кои ракувале со замрзнати производи во градовите Кингдао и Тијанџин се заразиле со коронавирусот, иако во Пекинг досега немало локална трансмисија на вирусот.
Кина го засили тестирањето на замрзна храна откако во неколку наврати беше откриено дека коронавирусот се наоѓа во производите и во нивната амбалажа, што предизвика масовно тестирање на храната и персоналот, го прекинува увозот и доведува до нарушување на трговските текови.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана