Македонија
27. July 2020 - 14:56

Во Кичево нема новозаразени, двајца оздравени и едно лице ја загуби битката со коронавирусот

Денеска во Кичево нема нови лица заразени со Ковид-19. Според податоците од Министерството за здравство има две лица кои ја добиле битката и едно лице кое  ја загуби битката со короанвирусот.

Вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина остана на 122, од кои 92 се активни,  24 се излекувани и шест лица се починати.

-Денеска кај нас не се забележани новозаболени лица , двајца за среќа успеале да ја добијат битката со вирусот и едно лице за жал на возраст од 52 години ја загуби битката со вирусот , рече Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .

Тоој упати уште еднаш апел до сите граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.