Во Кавадарци промовирана „Успеси и заговори” од Стојан Андов
Во Домот на културата во Кавадарци синоќа беше промовирана книгата „Успеси и заговори” од Стојан Андов.
Во неа тој опишува настани од 1993 година. Во своето обраќање пред присутните, Андов рече дека народот воопшто не треба да се дели околу прашањето НАТО, или не. Бидејќи, како што нагласи, нема опстанок без НАТО. Додаде дека средените односи со соседите се многу важни.
-Македонскиот народ е најнамачен народ на Балканот и меѓу најнамачените во Европа. Во овој момент е многу важно со Грција и со Бугарија да постигнеме потрајни уредувања на нашите односи, за да се обезбеди безбедноста на идните генерации и да се отворат патиштата за инвестиции во нашата земја, за да има вработувања, а децата да останат во државава. Не треба да не збунува договорот со Бугарија, иако има провокативни изјави од угледни бугарски функционери, научници. Има и кај нас такво чувство кај некои луѓе, но мислам дека треба да има таков договор и тој да функционира. Тој договор е на неограничено време, но може да се откаже секогаш. Не е тоа нешто што не може да се запре, ако тргне на лошо, рече Андов.
Пред присутните говореа и Раде Силјан, Блаже Миневски и Љубомир Гајдов, кои го промовираа творештвото на Андов.
Извадоци од книгата читаа студенти по актерска игра од класата на професорот и актер Мето Јовановски при ЕСРА. Промоцијата се одржа во рамки на „Кавадаречка културна есен”.
Ново на Сител
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти