Македонија
6. August 2016 - 12:28

Во Кавадарци изложба „Од очите на ангелот”

Во  Домот на културата „Иван Мазов Климе” синоќа беше отворена ликовната изложба „Од очите на ангелот” од  академскиот ликовен уметник Новица Трајковски.

Пред кавадаречката културна јавност се изложени 33 портрети или претставени 33 Христови години, преку кои е раскажана Библијата.

- Со оваа идеја се носам многу долго време, можеби и дваесетина години. Иако го имав занаетот во раце, некако не се чувствував достоен и немав храброст да ја реализирам. Чекав да си дојде своето време. Идејата зрееше и на крај излезе на виделина, рече Трајковски.

Новица Трајковски е роден 1962 година. Завршил средно уметничко училиште и факултет за ликовни уметности во Скопје. Член е на ДЛУМ. Досега реализирал над четириесетина самостојни изложби во Македонија и странство и учествувал во многу групни ликовни изложби, проекти и колонии од државен и меѓународен карактер.