Македонија
20. January 2016 - 10:55

Во Кавадарци 99 лица заболени од грип

Во Центарот за јавно здравје од Кавадарци  досега се регистрирани 99 лица заболени од сезонски грип.  Како што информира денеска епидемиологот д-р Ристе Јовановски, бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман е двојно повеќе од истиот период минатата година, кога беа евидентирани 53 грипозни лица.

- Мораме да нагласиме дека сигурно има и такви кои иако заболеле од сезонски грип,  немаат побарано лекарска помош па се лекуваат со витамини во домашни услови, а и такви кои можеби не се навремено пријавени во нашата служба. Можно е  бројката на грипозни да се зголеми со стартот на учебната година, рече Јовановски.

Тој рече дека во досегашниот период оваа сезона,  најчесто заболени од грип се лица на возраст од 15 до 64 години. Препорача превентивни мерки и избегнување на масовни собирања.