Во каталонската област Сегрија во карантин ставени 200.000 лица
Поради загрижувачкото зголемување на бројот на инфицирани од коронавирусот во регионот Сегрија, во шпанската покраина Каталонија, воведено е ограничување на движењето, што е прв ваков пример во Шпанија откако на 21 јуни беше укината вонредната состојба во земјата, што беше воведна поради пандемијата со Ковид-19.
Одлуката на каталонските регионални власти за областа Сегрија, се оденсува на повеќе од 200.000 жители, меѓу кои се и жителите на градот Леида. Ограничувањето за движење стапи на сила денеска на пладне, додека влегувањето на локалното население во областа ќе му биде дозволено до 16 часот, наведуваат американските медиуми.
Според здравствените власти, бројот на новозаразени лица во областа во изминатите 24 часа се зголемил за 60 , со што вкупниот број на заболени од Ковид-19 се изнесува 4.000.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи