Свет
14. May 2016 - 14:26

Во Камерун уапсени лидери на Боко Харам

Камерунската Влада соопшти денеска дека мултинационалните сили кои се борат против Боко Харам уапсиле петмина лидери во таа исламистичка организација и ослободите десетици жени и деца меѓу кои и девојки кои биле подготвувани за самоубиствени напади.

Портпарол на Владата изјави дека во овој месец во неколку наврати биле нападнати бази на Боко Харам.

Во операциите се ослободени 28 деца и најмалку 18 жени. Боко Харам воспоставил своја база во Камерун откако исламистите побегнале од соседна Нигерија каде против нив се води друга воена операција.