-->
-->
Во јужна и источна Турција уапсени 400 илегални мигранти
-->

Турските власти уапсиле околу 400 илегални мигранти во јужниот и источниот дел на Турција, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извори во безбедносните сили.
Екипи на турската крајбрежна стража вчера уапсиле 165 Сиријци, кои патувале со чамец во Средоземното море. Меѓу мигрантите имало 63 деца и 30 жени. Откако Сиријците биле испрашани, крајбрежната стража уапсила уште 27 странци, како и возач на комбе кој е осомничлен за трговија со мигранти.
Полицијата во источната област Ерзурум уапсила 205 мигранти од Авганистан и Пакистан, кои влегле илегално во Турција од Иран.
Генералштабот на турската армија вчера соопшти дека властите во саботата уапсиле вкупно 696 илегални мигранти во неколку операции спроведени во различни делови на Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
