Во Јемен повеќе од 10 милиони луѓе се соочуваат со глад
Приближно 10 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна во Јемен и потребна е итна акција за надминување на таквата ситуација, соопшти Светската програма за храна на Обединети нации.
Светската програма за храна наведе дека се потребни 737 милиони долари до крајот на годината за да продолжи помошта за Јемен.
Портпаролката на Светската програма за храна, Елизабет Бирс истакна дека повеќе од 20 милиони имаат небезбеден пристап до храна, од кои 13 милиони добиваат хуманитарна помош. Додека два милиони деца, еден милион бремени жени или доилки имаат потреба од лекување поради неисхранетост.
– Јемен се соочува со криза на неколку фронтови. Увозот е намален, цените на прехранбените артикли се зголемуваат, риалот е во слободен пад, а резервите на странски валути се доближуваат до нула, посочи Бирс.
Таа додаде дека се е помала хуманитарната помош на Светската програма за храна во северниот дел на Јемен и оти се надева дека тоа нема да се случи на други места.
Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од Јемен, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се десетици илјади луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население зависат од хуманитарната помош.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд