Бизнис
25. March 2016 - 12:29

Во јануари 77,7 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во јануари годинава потрошила 819.607 мегаватчасови електрична енергија, 33.879 милиони нормални меттри кубни природен гас,  674.028 тони јаглен и  60.516 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 77,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на струја.