Свет
2. August 2015 - 9:36

Во Израел демонстрации против насилството

Илјадници луѓе синоќа демонстирираа во Тел Авив и во Ерусалим против „поттикнувањето на насилството“ по нападот на еврејските екстремисти врз хомосексуалците и Палестинците.

Во петокот еден Евреин со нож избоде шест учесници на геј парадата во Ерусалим. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

Неколку часа подоцна еврејски екстремисти запалија дом на Палестинец на Западниот Брег при што почина 18-месечно бебе, а неговите родители и братот се тешко повредени.

Еден од организаторот на протестите ја повика израелската Влада да преземе одлучна акција против доселениците и веднаш да започне мировен процес.