Свет
20. April 2020 - 11:22

Во Италија во последниот месец најмал број на починати и новозаразени од коронавирусот

Бројот на новозаразените во Италија е 3.047, што е најмалку на дневно ниво за повеќе од еден месец.

Заразата со коронавирус е потврдена во Италија кај 178.972 лица, од кои починаа 23.660. Повеќе смртни случаи од последиците од коронавирусот имаат само Соединетите Американски Држави, каде што има над 40.000 мртви, според официјалните бројки.

Италијанските власти проценуваат дека официјалниот број на заразени и починати од болеста ковид-19 е многу поголем од реалниот поради недостиг од сеопфатно тестирање.

Притисокот на преоптоварениот здравствен систем на Италија продолжи да опаѓа. Денес повторно е намален бројот на зафатени кревети во единиците за интензивна нега на италијанските болници, од 2.733 на 2.635.

Во болниците има 25.033 лица, 26 помалку од вчера.

Властите почнаа да размислуваат за ублажување на строгите забрани за движење, продолжени до 3 мај.

Заразата со коронавирусот во светот е потврдена кај над 2.400.000 луѓе, од кои повеќе од 165.000 починале.