Балкан
18. March 2016 - 17:39

Во Италија уапсени двајца Албанци при обид за шверц на дрога вредна седум милиони евра

Италијанската полиција денеска уапси двајца албански државјани кои се обиделе да прошверцуваат 700 килограми марихуана од Албанија во Италија.

Двајцата Албанци, на возраст од 40 и 45 години, се запрени во голем гумен чамец, во кој се наоѓала дрогата, чија вредност на црниот пазар се проценува на околу седум милиони евра.