Во Италија уапсен Албанец со кокаин во вредност од милион евра
Италијанската полиција уапси албански државјанин во чиј автомобил биле пронајадени шест килограми кокаин.
Уапсениот патувал со автомобил марка „Опел“ од Германија кон Италија, заедно со неговата осумгодишна ќеркка.
Тој бил уапсен во близина на италијанско-австриската граница, во реонот на Випитено. Полицијата извршила детална контрола откако ја забележала нервозата која се чувствувала кај уапсениот, по запрањетп поради рутинска контрола.
Доколку би се нашла на нарко пазарот вредноста на дрогата се проценува на милион евра.
По апсењето, албанскиот државјанин е притворен, а девојчето е предадено на социјалните служби до доаѓањето на неговата мајка од Германија.
Неодамна италијанската полиција во Ливурно, уапси двајца албански државјани откако во нивното возило пронајде 37 килограми хероин и два клограма кокаин.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење