Свет
9. May 2020 - 19:24

Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар

Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа е утврдено врз основа на споредување на податоците од 12 до 19 март во однос на истиот период лани.

Поради страв од вирусот одложени се и интервенциите во 39 отсто од случаите.

Италија е една од земјите најтешко погодени од новиот коронавирус, со повеќе од 30.000 жртви.