Свет
30. March 2020 - 20:09

Во Италија повеќе од 11.500 починати од Ковид-19

Бројот на починати од новиот коронавирус во Италија во последните 24 часа се зголеми за 812, на 11.591, соопштија денеска италијанските власти.

Бројот на нови заразени е зголемен за 4.050, што е најмалку од 17 март, и сега вкупниот број на заразени лица во земјата е 101.739.

Вкупно досега оздравеле 14.620 пациенти.