Балкан
27. July 2017 - 21:07

Во Истанбул уапсени 26 лица поради наводни врски со „Исламска држава“

Полицијата во Истанбул приведе денеска 26 лица, вклучувајќи 17 странци, поради наводни врски со терористичката организација „Исламска држава“, соопшти турската полиција, јави Анадолија.

Операцијата била извршена од тимови од одделот за борба против тероризмот на турската полиција и специјалните сили. Претресени биле 14 адреси во девет квартови на Истанбул. За време на рациите биле конфискувани материјали и документи поврзани со „Исламска држава".

Утврдено е дека приведените лица патувале во Сирија.

Над 300 лица во Турција се убиени при напади извршени во последните години од „Исламска држава".