Балкан
19. October 2017 - 10:53

Во Истанбул уапсен турскиот бизнисмен и граѓански активист Осман Кавала

Турската полиција на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул го уапси Осман Кавала, познат бизнисмен и истакнат претставник на граѓанското општество.

Според адвокатот на Кавала, тој бил однесен во полициска станица, откако била издадена наредба за притвор од седум дена.  

Кавала е претседател на невладината организација Анадолска култура. Полицијата ги запленила компјутерите од канцелариите на неговата организација.

Кавала е уапсен при враќање од состанок во Газиантеп, југоисточна Турција.
   
Известувачот на Европскиот парламент за Турција Кети Пири на Твитер изрази загриженост поради апсењето на Кавала. 

- Многу алармантна вест е тоа што Осман Кавала е притворен во Истанбул. Ќе предложам во ЕП да се иницира итен повик за негово ослободување, рече Пири.