Балкан
10. August 2015 - 8:24

Во Истанбул пукано и врз зградата на американскиот Конзулат

Две непознати лица отвориле оган врз објектот на американскиoт Конзулат во Истанбул, објави Милиет.

Нема жртви во нападот по кој имало престрелка меѓу напаѓачите и полицијата. Двајцата напаѓачи успеале да побегнат.

Во зградата на Конзулатот се испратени тимови за деактивирање бомби. Дел од локалните медиуми јавија дека еден од напаѓачите се скрил во куќа е опколена од полицијата.