Балкан
19. April 2017 - 14:12

Во Истанбул приведени 38 лица поради учество во протести

Турската полиција приведе 38 луѓе во Истанбул поради учество во протести, организирани по референдумот за зголемување на ингеренциите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Месут Гечгел, еден од приведените објави на Твитер дека полицијата го лишила од слобода со образложение дека ги поттикнувал луѓето на протести и оти тврдел оти се нелегитимни резултатите од референдумот.