Балкан
27. December 2016 - 11:17

Во Истанбул почнува првиот судски процес против обвинети за обидот за пуч во Турција

Во Истанбул денеска почнува судски процес против 29 поранешни полицајци, кои се обвинети дека учествувале во осуетениот обид за воен удар во јули. Ова е првиот судски процес за обидот за пуч, во кој загинаа 270 лица. 

Полицајците, кои денеска ќе бидат изведени пред суд се обвинети дека биле соучесници во обидот за воен удар, поради тоа што не ги извршувале своите задачи. 

Обвинителите бараат пресуда доживотен затвор за 21 од обвинетите за воен удар, а за останатите осум поранешни полицајци 15 години затвор за членство во терористичка организација.