Бизнис
13. January 2016 - 20:19

Во индустриската зона во Кривогаштани ќе се гради фабрика за преработка на овошје и зеленчук

На површина од близу 20 илјади метри квадратни градежно земјиште во Индустриската зона “Славеј”, кое Компанијата “Стефан”, која се занимава со трговија на земјоделски производи и агрозаштита, пред неполна година го откупи од Министерството за транспорт и врски, ќе гради преработувачки комплекс за замрзнат зеленчук и пиперки. Првите седум одобренија за градба, беа врачени денеска од страна на градоначалникот на Кривогаштани, Тони Заткоски.
 
Според најавите, овој индустриски капацитет со работа треба да зпочне кон средината од годинава, и истиот треба да обезбеди стотина нови работни места.