Свет
30. December 2015 - 10:19

Во Индија зајакнати мерките за безбедност пред Нова година поради закани од терористички напади

Во Индија во пресрет на новогодишните празници се зајакнати мерките за безбедност, откако индиското разузнавање предупреди дека постои можност од извршување терористички напади. 

Според информациите на разузнавањето во Индија можеби навлегле околу 20 членови на пакистанската терористичка група Лакшар е Таиба (Легија на вистинските верници). Постои можност терористите да планираат напади врз премиеорт Нарендра Моди, врз Парламентот, штабот на копнените сили, нуклеарни централи.

Поради овие информации во повеќе региои во Индија се воведени построги мерки за безбедност. Зголемен е бројот на полицајците, кои се грижат за јавниот ред на местата, каде се очекува собирање на поголем број луѓе.