Балкан
3. March 2017 - 8:33

Во Холандија уапсен Албанец во обид за шверц на 647 килограми марихуана

Холандската полиција уапси албански државјанин, откако во камионот што го управувал открила 647 килограми марихуана.

Камионот, што го управувал 20-годишен Албанец, чиј идентитет не се наведува, бил запрен откако од автопатот А9 се пренасочил на патниот правец Амстердам-Буитенвелдерт, по претходно добиени сознанија дека во возилото има дрога.

Истрагата продолжува бидејќи полицијата основано се сомнева за вмешаност на други лица.

Во меѓувреме италијанската полиција заплени 3,5 килограми кокаин.

Во акцијата се уапсени двајца Албанци, во чиј автомобил кај градот Комос била откриена дрогата. Наркотичното средство било прошверцувано од Германија,каде имале свој соработник.

Дрогата требало да биде продадена во северниот дел на Италија.