Балкан
2. March 2018 - 15:21

Во Грција затворени музеите поради штрајк

Музеите и археолошките локалитети во Атина денеска се затворени поради штрајк на припадниците на обезбедувањето, кои се во спор со Министерството за култура за висината  на хонорарите. 

Меѓу омилените туристички места, кои денеска не работат поради штрајкот, се Акропол и Партенон во Атина.

Синдикатот на музејското обезбедување денешниот 24-часовен прекин на работата го нарече предупредувачки штрајк.