Во Грција започнаа клинички испитувања за израелскиот лек за третман на Ковид-19
Околу 90 пациенти заразени со Ковид-19, пет дена ќе го примаат новиот израелски лек за терапија на коронавирусот во рамките на клиничките испитувања што од денеска започнаа во две атински болници, јави дописничката на МИА од Атина.
Директорката на клиниката за пулмологија во болницата „Сотириа“ Мина Гага за грчката телевизија „Мега“, објасни дека лекот се прима со инхалација, во клиничките испитувања учествуваат пациенти во блага или средна состојба, на возраст од 18 до 80 години, за да се испита дали лекот може да спречи влошување на здравјето.
-Станува збор за технолошки напреден лек. Се дава со инхалација и се прима пет дена. А пациентите ги следиме дури и да се отпуштени од болница до 23-от ден. Сакаме да видиме колку брзо оздравуваат оние кои го примаат лекот и колку помалку стигнуваат до респиратори, објасни Гага.
На почетокот на февруари годинава, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху изрази интерес и Грција да учествува во клиничките испитувања за израелскиот лек за третман на сериозни компликации од Ковид-19, а во четвртокот, како што објави МИА, Мицотакис се сретна со израелскиот професор по медицина Надир Арбер, кој е одговорен за новата терапија за коронавирусот на која се работи во медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив и беше соопштен почетокот на испитувањата во Грција во рамките на втората фаза.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација