Балкан
4. July 2016 - 17:01

Во Грција уапсени шверцери со мигранти

Грчката полиција уапси пет лица кои планирале да прошверцуваат 87 сириски мигранти, од кои 46 биле деца, преку границата со Албанија.

Уапсени се еден грчки и еден ирачки државјанин и тројца Сиријци. Тие биле уапсени во Солун додека се подготвувале да ги качат мигрантите во автобус со бугарски регистарски таблички.

Мигрантите и кажале на полицијата дека секое ворасно лице требало да плати по пет илјади долари.

Во последните месеци на Балканот во голем пораст е шверцувањето мигранти, со огледа на тоа што границите на балкансата рука се уште се затворени.

Ова е прв познат случај за шверц да се користи Албанија, наместо вообичаената рута преку Македонија.