Во Грција стапуваат во сила новите цени за тестовите за Ковид-19
Одлуката на грчката Влада за воведување плафон за цените на тестовите за Ковид-19, со цел да се спречи профитерство, стапува во сила, а цените не смеат да бидат над 60 евра за ПЦР тест и над 20 евра за брз тест.
Иако пред десет дена беше најавено дека молекуларниот тест ќе биде 40, а брзиот 10 евра, сепак на овие цени се додаваат плус 20 односно 10 евра за медицинската услуга, односно за земањето брис, а не е вклучен и данокот на додадена вредност (ДДВ).
Според одлуката потпишана од министерот за развој и инвестиции на Грција, а објавена во Службен весник, за ПЦР тестовите, највисоката цена е 40 евра, плус најмногу 20 евра за земање примерок за анализа, а за брзите тестови, цената не смее да биде над 10 евра и уште 10 да здравствената услуга.
Паралелно, предвидени се и парични казни во висина од 5.000 евра за оние кои нема да ја почитуваат конкретната одлука.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација