Балкан
18. January 2016 - 8:21

Во Грција се подготвува новиот закон за државни службеници

Во грчкиот Парламент неделава, а можеби уште денеска, се очекува да биде поднесен нацрт-законот за воведување нова шема за оценување на државните службеници, како и други реформи во јавниот сектор.

Покрај новата форма на оценување, според која персоналот ќе ги оценува претпоставените, и обратно, со нацрт-законот, исто така, се предвидува нов метод за назначување на високи државни службеници, особено на генерални секретари.

Според новиот метод, специјално избран совет ќе изготви потесен список со пет кандидати, кои потоа ќе бидат дадени на ресорниот министер за конечно одобрување. И покрај противењето на некои владини претставници, заменик-министерот за административна реформа Христофорос Вернардакис успеа да ги убеди политичарите дека кандидатите ќе бидат избирани само од регистарот на високи државни службеници.