Балкан
10. July 2020 - 18:22

Во Грција 60 нови случаи на Ковид-19, од кои 40 кај туристи

Во изминатите 24 часа во Грција регистриран е зголемен број позитивни случаи на Ковид-19, од кои повеќето кај туристи.

Националната организација за јавно здравје на Грција, соопшти за 60 новозаболени лица, од кои 40 се по направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени се зголеми на 3.732 лица.